Свет
19. February 2019 - 22:51

Зимската бура „Петра" ќе погоди околу 200 милиони Американци

Повеќе од 200 милиони Американци се на удар од голема бура, со силни врнежи од дожд и снег, но и мраз, кој може да предизвика големи проблеми, пишува Ју-Ес-Еј-Тудеј.

Весникот наведува дека зимската бура „Петра" ќе зафати 39 американски држави, вклучувајќи ги сите земји источно од реката Мисисипи.

Метеорологот од Акју Ведер, Елиот Абрамс за Ју-Ес-Еј вели дека целата земја ќе биде зафатена со снег, мраз и поплави.

Акју Ведер предупредува дека неколку сантиметри снег ќе има во Канзас Сити во Мисури, Омаха во Небраска, Де Мојн во Ајова, како и во градовите Минеаполис и Дулут во Минесота.

Посебна опасност, како што се наведува, ќе претставува ледениот дожд во Индијана, Охајо во Пенсилванија, како и на планините во Западна Вирџинија и Северна Каролина.