Зимска школа „Библиоарт“ во штипската библиотека
Во Националната установа универзитетска библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“ во Штип од понеделник почнува зимската школа „Библиоарт“, што на учениците од основните и средни училишта ќе им понуди низа на креативни работилници, но и забава за време на зимскиот распуст.
Вилма Јованова вработена во НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип вели дека школата, што годинава ќе се одржи по вторпат се организира во соработка и со други институции.
-Учениците кои се на распуст, библиотеката како нивен втор дом организира настани, интересни содржини, со цел да ги вклучи во своите секојдневни активности. Нивното седење пред телевизор, пред телефон и премногу слободно време, не поттикнува да ги извлечеме од нивните домови и да ги вклучиме во нашите активности, а секако со цел да ги едуцираме, да им приредиме забава. Потоа ќе имаме активности да ги научиме на нивните права, за учество во драма, караоке шоу, вели Јованова.
Додаде дека активностите во рамките на зимската школа ќе се одвиваат од понеделник до петок. Предвидените активности се планирани врз основа на заинтересираноста на учениците за одредени области, а секој кој е заинтересиран може да се пријави во библиотеката.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација