-->
-->
Зимска идила: Пола метар снег на Пониква
-->
Снежната покривка на Пониква на Осоговските Планини по обилните врнежи од снег ноќеска, достигна 50 сантиметри.
Патниот правец од Кочани до Пониква од синоќа е непрооден за сообраќај, поради големите навеви снег на одделни делници посебно над Шумската куќа. Неколкуте возила кои од изутринава се обидоа да тргнат кон Пониква се откажаа од намерата, бидејќи снегот создава дополнителни неприлики при возењето.
Од Македонија пат, Подружница Кочани најавуваат дека денеска по 12 часот ќе биде упатено едно возило за чистење на снегот од коловозот со што се очекува од попладне и овој патен правец да биде оспособен за сообрќај.
Инаку, на Пониква во неколку сместувачки капацитети зимскиот одмот во идилична зимска атмосфера го минуваат над стотина гости од земјава.
Проодноста на патиштата во Кочанско се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови. Од утрово Македонија пат - Подружница Кочани го оспособи за сообраќај и патниот правец од Кочани кон општина Зрновци, а редовно се чистат и магистралните и регионални патни правци кон Виница и Македонска Каменица.
Од Центарот за управување со кризи во Кочани информираа дека нема блокирани села во панинскиот дел на осоговијата од снежните врнежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација