Македонија
24. March 2016 - 18:07

Зимата се враќа, утре постудено од денеска

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со подолги сончеви периоди. Во југозападните подрачја ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а на планините само снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната  од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо со подолги сончеви периоди и со умерен повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 10 степени.