Македонија
19. February 2018 - 16:41

Зијадин Села се соочи со обвинетите за обид за негово убиство

Ударите кои ги добив во главата на 27 април ми предизвикаа амнезија која ја чувствувам и денес поради што не можам да се сетам како ја напуштив прес салата во собранието. Вака денеска сведочеше пратеникот Зијадин Села пред судот на рочиштето во кое за неговиот напад им се суди на десетмина обвинети. Повеќе од час и половина траеше неговиот исказ за случувањата во законодавниот дом.

Села се сомнева дека луѓето кои седат на обвинителната клупа, најверојатно не се единствените кои треба да одговараат пред судот за неговиот напад.

Адвокатите на обвинетите по исказот на Села, немаа дополнителни прашања. Оценија дека Тој детално ги објаснил случувањата и дал коректни одговори на прашањата од обвинителот. Судскиот процес продолжува утре со излагања на вештаци. Инаку на претходното рочиште, адвокатот на Зијадин Села побара отштета од половина милион евра.