„Зидојче цајтунг“: Вучиќ внесува раздор во ЕУ
- Запаливи говори и запалени барикади се доволен доказ дека Косово сe уште не е решено, но српскиот претседател Александар Вучиќ со својата вешта дипломатска акробатика, успеа да го премести раздорот во ЕУ и, барем за извесно време, да го отстрани притисокот од себе, оцени германски дневен весник „Зидојче цајтунг“.
Весникот наведува дека на Вучиќ му била дадена „контроверзна заслуга" минатиот викенд на светот да му ја предочи „тажната вистина дека косовскиот конфликт се уште е далеку од решение".
- Како искален стратег, Вучиќ ги разгоруваше високите очекувања во текот на изминатата недела, јавно разговараше за плановите за размена на територија меѓу Србите и Албанците, а потоа самиот Вучиќ го исфрли воздухот од балон за тестирање кој го пушти да одлета над Косово".
Во коментарот на „Зидојче цајтунг“, како што пренесуваат српските медиуми, се наведува дека Вучиќ со својата дипломатска акробатика, изведе презентацијата за актерите во ЕУ, поделени околу прашањето на промената на границите, бидејќи Германија ја отфрли идејата како опасен преседан, додека некои во Европската комисија покажаа дека не би се спротиставиле на такво нешто.
„Кога двета табора се расправаат, Вучиќ, како трет, засега не мора да се плаши од притисокот. Тоа е успех за него, но е тежок удар за напорите на ЕУ за медијација, наведува весникот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица