Фудбал
14. April 2019 - 15:00

Зидан: Во Реал има многу играчи, кои можат да донесат пари

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одби да ги коментира трансфер плановите на „кралскиот“ клуб.

– Тука има многу играчи, кои можат да донесат пари. Секој е многу добар и има голем интерес за нив, рече Зизу, на прашањето дали „белитре“ треба да го продадат Иско, откако тој е меѓу најскапите на пазарот.

Во врска со ситуацијата со Герет Бејл, францускиот стратег рече дека се потпира на Велшанецот.

– Останаа седум мечевии. Ќе има промени. Се потпирам на Герет, вели стратегот.

Зидан ги откри причините поради кои Тони Крос го пропушти денешниот тренинг.

– Тој има проблеми со стомакот. Тој имаше тешка ноќ и затоа не тренираше денес. До утре, ќе видиме дали тој ќе биде во ред, откри Французинот.

Во однос на Карим Бензема, според него тој е „компатибилен со сите“.

– Добрите играчи знаат како да играат заедно. Карим е поинаков. Тој прави многу работи, тој постигнува голови како „деветка“ и ја организира играта како „десетка“, рече менторот на „Лос Меренгес“.

Реал Мадрид гостува на Леганес утре од 21 часот.