-->
-->
Зидан во одбрана на Роналдо
-->
Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо се наоѓа во голгетерска криза. Португалецот сезонава има постигнато само еден гол во шпанска Примера, а шест во Лигата на шампионите.
Иако Роналдо не е во голгетерска форма, сепак тренерот на Реал, Зинедин Зидан смета дека Португалецот одлично си ја врши работата.
„Медиумите секогаш гледаат негативно, а јас поинаку од нив. Роналдо асистираше за голот на Иско. Сите знаеме дека тој е најсреќен кога дава голови, но и сега е среќен. Сепак и без да постигне гол тој одлично си ја врши работата“, изјави Зидан.
Роналдо се мачеше да се впише во листата на стрелците и на последниот меч против Лас Палмас кој Реал Мадрид со доби 3:0, но асистираше при погодокот на Иско.
Минатата сезона Роналдо постигна вкупно 37 голови во сите натпреварувања, додека во најефикасната негова сезона 2014/2015 постигна вкупно 60 голови за Реал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1