Зидан: Челзи ја заслужи победата
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го призна поразот од Челзи синоќа во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.
– Секако дека не сме задоволни. Кога губите полуфинале, не можете да бидете задоволни, тоа е во ред. Овој пораз е тешко да се прифати, но утре ќе се вратиме на теренот да продолжиме со тренинзите за да оствариме нови цели. Мора да се признае дека противникот заслужи да победи. Се обидовме и се боревме, но тие заслужено победија и стигнаа до финалето. Горд сум на моите момци. Стигнавме на чекор до финалето! – истакна Зидан.
Челзи го победи Реал со 2:0 и со вкупни 3:1 оди во финалето.
Мечот за трофејот во елитното фудбалско натпреварување втор пат во последните три години ќе биде со учесници од Англија. На 29 мај во Истанбул противник на Челзи ќе биде Манчестер сити кој во полуфиналето го елиминира ПСЖ.
Ново на Сител
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти