Македонија
20. February 2017 - 11:57

„Журнал.нет“: Заеви се хранат со кавијар од 1.500 евра

Внуката на Зоран Заев која е позната по луксузите кои ги споделува на својот инстаграм профил, пред два дена уште еднаш ги потсети своите 20-тина илјади следачи дека е дете на милионери и објави фотографија од својот најнов оброк, скапоцен кавијар, пишува порталот „Журнал.нет“.
 
Ќерката на Вице Заев и порано на социјалните мрежи објавувала фотографии од своите екскурзии и трошење големи пари по монденски локации низ целиот свет, додека во Македонија нејзиниот чичко Зоран ги убедува граѓаните дека ќе ја враќал средната класа.
 
 
-Според менито од ресторанот во кој јаде внуката на милионерот зоран Заев и ќерка на неговиот не помалку богат брат Вице, порција кавијар во овој елитен ресторан чини до 1500 евра, пишува Журнал.
 
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека е врв на хипокризија и лицемерие Заеви да се фалат јавно дека јадат кавијар кој во една порција чини колку 4 македонски плати, односно 10 плати на вработени во погоните на Заеви низ струмичко.