Свет
17. March 2019 - 20:57

Жртвите на авионската несреќа не можат да се идентификуваат: На семејствата им дадоа да погребат вреќи со спржена земја

Семејствата на настраданите патници од авионот на Етиопијан ерлајнс кој се урна пред недела дена, кога загинаа 157 лица, добија по вреќа спржена земја наместо телата на најмилите.

Семејствата денеска ги погребаа своите најблиски во Адис Абеба. Мал број од нив можеа да ги идентификуваат своите сакани, а другите за погреб користеа спржена земја од местото на несреќата.

Ним им е речено дека треба да поминат најмалку шест месеци за да се идентификуваат сите жртви.

Поради тоа авиокомпанијата на семејствата на жртвите им понуди запалена земја за церемонија на погреб.

Оние семејства кои морале да ја прифатат земјата, добиле по вреќа од еден килограм запалено тло. Меѓутоа порачуваат дека нема да смират додека не го добијат вистинско тело или барем делови од телата на саканите лица.

Причината за оваа страотна несреќа не е позната.