Ракомет
28. October 2017 - 9:08

ЖРК Вардар со трета победа во регионалната лига

Ракометарките на ЖРК Вардар кои се актуелни шампионки на регионалната лига синоќа ја постигнаа и третата победа сезона. „Црвено-црните“ го победија домаќинот на вториот турнир словенечкиот тим Крим со 32:29. 
ЖРК Вардар во Љубљана отпатува без повредената Драгана Цвијиќ, додека поради истата причина (повреда) не настапи и Андреа Лекиќ, иако е присутна во Љубљана. 
На полувреме Крим водеше со 18:17, но во вториот дел „вардарки“ го презедоа водството. Најефикасна кај Вардар беше Андреа пенезиќ со 9 голови, а Полина Кузнецова беше стрелец на 6 голови.
Попладнево од 16 часот ЖРК Вардар ќе игра против Будуќност.