Ракомет
30. August 2015 - 7:55

ЖРК Вардар со победа почна на турнирот „Вардар 2015“

Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар со убедлива победа од 37:25 ги почнаа натпреварите на турнирот „Вардар 2015“ кој се игра во СЦ „Јане Сандански“ по повод првата година од спортскиот комплекс и хотелот „Русија“.
Најефикасни на дуелот со германски Лајпциг беа Андреа Пенезиќ и Олга Черноиваненко со по 6 голови.
На вториот дуел од вчерашната програма Ростов го победи европскиот шампион Будуќност со 26:22. Екипата на Будуќност настапи без неколку ракометарки.
 
Попладнево се играат натпреварите од 2.коло:
18 часот: Будуќност - Савехоф,
20 часот: Вардар - Подравка