Ракомет
21. August 2016 - 10:50

ЖРК Вардар победник на турнирот „Винко Кандија“

Со три победи во низа, последната против домаќинот Крим, ракометарките на Вардар го освоија турнирот „Винко Кандија" во Љубљана.
 
Во последниот натпревар, вардарки триумфираа со 30:25 и покрај тоа што настапија без седум играчи.
 
Од самиот почеток „црвено-црните“ стартуваа силно, а серијата од 5:0 беше најава за нова победа. Таа разлика се одржуваше во најголем дел од првото полувреме. Истото се случи и во вторите 30 минути.
 
Покрај трофејот за освоеното прво место, Вардар ги освои и сите индивидуални награди на турнирот. За МВП играч е прогласена Андреа Пенезиќ, најдобар голман е Ина Суслина, додека најдобар стрелец е Тамара Мавсар кој постигна вкупно 22 гола на трите натпревари.