Ракомет
5. November 2017 - 21:23

ЖРК Вардар единствен тим со четири победи

Ракометарките на европскиот вицепрвак Вардар се единствени со максимални четири победи и потврден пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. „Вардарки“ по вчерашниот триумф над Ларвик со 30:27 се единствениот тим без загубен бод во досегашниот дел откако Мец загуби на гостувањето кај Будуќност.
 
Покрај Вардар пласман во „главната фаза“ избори уште и ФТЦ од групата Б, а токму унгарската екипа ќе биде противник на Вардар во следното коло во Будимпешта.