Ракомет
23. August 2017 - 9:00

ЖРК Вардар домаќин на силен меѓународен турнир

Македонскиот ракометен шампион и европски вицепрвак ЖРК Вардар од денеска до сабота ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир. Покрај ЖРК Вардар во А групата се уште Будуќност и Краснодар, а во Б групата ќе играат: Одензе, Ростов и Букурешт.

- Турниот ќе биде можност да се направат последните корекции во играта на тимовите. ЖРК Вардар во новата сезона ќе настапи со шест нови ракометарки (Бајрамовска, Саздовска, Мицевска, Керамитчиева, Кузњецова и Цвијиќ). Се надевам публиката ќе може да види убави натпревари, изјави Билјана Црвенковска заменик директор во РК Вардар и одговорна за турнирот.
 

Распоред на натпревари
23 август 2017
15 ч. ЧСМ Букурешт - Ростов
17,15 ч. Вардар - Краснодар

24 август 2017
15 ч. Одензе - ЧСМ Букурешт
17 ч. Будуќност - Вардар

25 август 2017
15 ч. Ростов - Одензе
17 ч. Краснодар - Будуќност

26 август 2017
14 ч. Меч за 5 место
16 ч. Меч за 3 место
18 ч. Финале

 

Победниците од секоја група ќе играат во финалето, а другите за пласман со тим од другата група. Победникот ќе освои и парична награда од 5.000 евра, второпласираниот - 3.000 евра, а третопласираната екипа - 1.000 евра.
На турнирот ќе се изберат најдобар голман, играч и стрелец.
Вардар е победник на првото издание на турнирот.

Цената на билетот за турнирот ќе биде 50 денари за еден натпревар, односно 100 денари за два натпревари во денот, и истите може да се купат на билетарницата во СЦ „Јане Сандански".