Животот статистички евтин, во реалноста скап
Македонија е меѓу најевтините европски држави за живеење. Последните податоците од Еуростат покажуваат дека во конкуренција од 37 држави, животот во земјава е поскап единствено од Турција. Но, граѓаните не го делат истото мислење. За нив живеачката во Македонија е скапа.
Еуростат ги рангира државите според висината на основните трошоци за живеење, како храна, облека, домување, транспорт итн. Во Македонија, на пример, храната, пијалоците и тутунските производи се најевтини во Европа.
Приходите во земјава се меѓу најниските во регионот. Статистиката покажува дека просечната нето плата во Хрватска е речиси 900 евра, во Црна Гора просекот надминува 500 евра, додека просечните месечни примања во Македонија се околу 410 евра.
ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА СПОРЕД ДРЖАВНИТЕ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ
ХРВАТСКА |
875 ЕВРА |
ЦРНА ГОРА |
513 ЕВРА |
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА |
474 ЕВРА |
СРБИЈА |
464 ЕВРА |
МАКЕДОНИЈА |
410 ЕВРА |
Според европската статистика, најскап е животот во Исланд, каде киријата, на пример, е околу 1.300 евра, но таму просечната плата изнесува 4.500 евра.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар