Свет
15. August 2016 - 11:46

Животот на жена и нејзиниот миленик спасени во последен момент - драматична снимка од поплава

Драматична снимка се појави на социјалните мрежи каде се гледа како жена и нејзниот миленик се спасени во последен момент во поплавата која ја зафати Лузијана.

Младо момче успева да ја извади жената од веќе потонатиот во вода автомобил, а откако жената му кажува дека и нејзиното куче е внатре и моли за да го спаси, момчето без двоумење повторно се внурнува во водата и го спасува и кученцето.

Во поплавите во Лузијана загинаа најмалку 3 лица, а над 1.000 беа спасени, меѓу кои и автобус полн со деца.