Живот
16. May 2017 - 10:30

Животот и се претвори во кошмар: Беше весело девојче (8) кое секој ден го јадеше ова и сега е неподвижно и немо

Лекси Ми (8) било здраво девојче до пред три години, кога, како што вели нејзината мајка, и се препишани антибиотици поради инфекција на увото.

Утрото по почетокот на терапијата не можела да се движи, а лицето и било искривено. Две недели детето поминало во болница, но лекарите не можече да и постават дијагноза. Нејзинаа мајка, Линдзи Грант (30) верува дека тоа се е последица од конзумирање на туна.

-Уверена сум дека сето ова е последица од труење со жива. Таа повеќе не може да се движи и да зборува поради тоа, уверена е мајката, додавајќи дека лекарите се уште не извршиле испитување над девојчето, но сосема е уверена дека тестовите ќе покажат дека туната е предизвикувач на оваа тешка состојба.

Foto Printscreen

-Минатата година поминавме безброј тестови на крв, скенови на телото и главата, биопсија на кожата, белите дробови и уште многу тестови и никој не можеше да воспостави дијагноза. Лекарите велат дека никогаш не се соочиле со ништо слично, вели Линдзи.

Лекси обожавала да јаде туна. Ја јадела и дома и во училиште. Линдзи не е забранувала, зошто била уверена дека тоа е здраво.

Девојчето сега е неподвижно, и не може да зборува.

-Не може да каже мама. Срцето ми се кине Толку е тажно тоа што мозокот и натаму и работи нормално, а таа не може да се движи или да каже несто. Пред некој ден беше на роденден кај другарката и плачеше што не може да си игра со неа, раскажува очајната мајка.

-Лекарите ми зборуваат дека невозможно е тоа да е во прашање. Сепак, верувам дека сум во право, заклучува мајката.