Живот
15. August 2016 - 9:25

ЖИВОТОТ Е ЧУДО: Извлекол човек од камион во пламен - Се расплакал откако видел за кого станува збор!

Дека животот е неверојатен и дека спојува луѓе на неверојатни места и моменти најдобро покажува оваа приказна.

Крис Троки денеска има 34 години, сопруга и син. Работи како пожарникар и може да се каже дека жвитотот му е одличен.

Сепак, не секогаш било така. Крис е роден предвреме со 1,6 килограми поради што шансите за да преживее му биле 50:50.

Имал неверојатна среќа бидејќи за педијатар го добил доктор Мајкл Шенон кој навистина дал сѐ од себе за да го спаси животот на малиот Крис.

Крис никогаш не ни сонувал дека ќе биде во можност да му се оддолжи на Мајкл, но токму тоа се случило. Имено, 34 години подоцна, педијатарот се нашол приклештен во камион кој горел.

И во таа несреќа се нашол токму Крис кој дошол прв на лице место и дотрчал на помош. Сѐ до доаѓањето во болницата не знаел кој е човекот на кого му го спасува животот.