Живот
2. March 2017 - 17:58

Животното предизвика хаос во авион: Одложен лет поради ова суштество со 4 нозе

Авионот „Бритиш ервејз“ полетал од Лондон за Сан Франциско со задоцнување од четири часа, а до одложување на летот дошло поради едно малечко глувче.

Сите патници биле качени и подготвени за полетување кога посадата им рекла дека во авионот е забележан глушец и дека поради тоа леталото не можело да полета.

Сите затоа морале да преминат во друг авион, па за Сан Франциско полетале четири часа подоцна.

View image on Twitter

По слетувањето во Сан Франциско во средата, авионската посада рекла дека и покрај одложувањето на летот, на повеќето патници им било драго што патуваат со авион во кој нема глушец.

„Бритиш Ервејс“ се извини, изразувајќи задоволство што во авионот останале само „патници со две нозе“.