Живот
19. April 2017 - 14:31

Живот во 8 квадрати: Таа има се во ова минимално станче

На некои луѓе навистина не им треба многу за да бидат среќни.

Австралијанката Ема плаќа 600 евра за овој стан во Токио.

Ема од Австралија поскала да живее во центарот на Токио, па за речиси 600 евра го изнајмила овој стан од само 8 квадратни метри. Најдобро од се е што Ема во својот стан има се што е потребно, дури и бања.

- Долго време барав сместување, а овој стан навистина ми падна во око зошто е направен на два спрата. Делот за спиење е на второто ниво. Одсекогаш сакав да живеам во Јапонија, а во центарот на Токио становите инаку се многу мали, објасни Ема и додава дека е многу среќна.

Погледнете како Јапонците сместиле стан во 8 квадрати, ако не сте клаустрофобични, секако.