Македонија
6. January 2020 - 14:32

Живковиќ: Мизрахи потврди дека не е спремна да биде технички министер, туку да слугува на Мицкоски за враќање на режимот на ВМРО ДПМНЕ

Кадрите на Христијан Мицкоски во техничката Влада  покажуваат крајно непознавање на работите и освен ширење на невистини од партиската кујна на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не видоа ништо друго.

Техничката министерка на Мицкоски за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, продолжи по стапките на Диме Спасов, најлошиот министер на сите времиња, познат по бројните скандали, промашувања и брканици низ скопските улици со наводни „криминалци од Серава“.

Изјавите на Мизрахи се потврда дека таа не е спремна да биде технички министер туку да слугува на партиските наредби на Мицкоски за враќање на режимот.

Техничката министерка за труд и социјална политика после 2 дена работа покажа некомпетентност и демонстрира дека не го знае новиот Закон за социјална заштита.

Таа не знае дека надлежноста за издавање на наодот и мислењето за потребата за помош и нега од друго лице, врз основа на кое се остварува паричниот надоместок, е пренесена на 15 стручни комисии при јавните здравствени установи низ цела држава а се формирани од страна на Министерството за здравство.

Токму овој начин на работа ги реши проблемите кои ВМРО-ДПМНЕ ги создаде.

Додека ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години системски ја уништуваше социјалната заштита, СДСМ, за само 2.5 години преку системска реформа обезбеди соодветна помош за 300.000 наши сограѓани и сограѓанки.

Со СДСМ, финансиското зајакнување на семејствата кои се во ризик е преточено во системска поддршка која не толерира никакви притисоци од било кого. Извлекувањето од сиромаштија е преку системот на гарантирана минимална помош која е за 300% поголема од социјалната помош што беше исплаќана од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Ширењето на невистини не може да биде политика, граѓаните не веруваат во новите лаги на ВМРО-ДПМНЕ како оние на Диме Спасов.

НЕ. Системот е реформиран и 30.000 семејства-корисници на поддршка и помош од државата го чувствуваат тоа во нивното секојдневие.

За две и пол години инвестиравме во 43 градинки низ цела држава со што голем број рурални места за прв пат добија градинки.

Со програмата за 2020 се предвидени 10 инвестиции во градинки со буџетски средства.

Што е следно за техничката министерка Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата која 2,5 години е против се што е добро во социјалата?

Ќе отиде во малите групни домови и ќе каже дека извлекувањето на децата од институциите како „Ранка Милановиќ“ и сместувањето во семејна атмосфера не е во ред затоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше се’ против овој систем? Или лицемерно ќе ги прифати?

Ќе отиде ли во новоизградените 43 градинки од СДСМ за само 2,5 години и ќе каже дека не ни се потребни?

Ќе ги посети довчерашните стечајни работници и ќе им каже дека не се заслужни за надоместокот што го примаат до трајно пензионирање затоа што ВМРО-ДПМНЕ беше против нив?

Ќе им каже на примателите на социјалната пензија дека таа мерка е непотребна затоа што ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа?

На 12ти април граѓаните и граѓанките ќе ѝ кажат на Мизрахи и на нејзините деструктивци од ВМРО ДПМНЕ дека со лаги и невистини не се гради прогресивна држава, туку дека тоа се прави со реформски подвизи како тие на СДСМ.

СДСМ покажа дека има способен тим, предводен од Мила Царовска кој направи вистинска реформа во социјалната сфера со кој сите ние се гордееме. Извлекуваме од сиромаштија, обезбедуваме повеќе пари во секое семејство!

Мицкоски и слугите на режимот ги очекува нов пораз. По 12 април продолжуваме по вистинскиот пат!