Свет
26. јуни 2016 - 10:16

Живи изгореа, најмалку 30 загинати во автобуска несреќа во Кина

Најмалку 30 луѓе загинаа откако во еден туристички автобус изби пожар, јавија кинеските медиуми.

Несреќата се случи кога автобусот удрил во заштитната ограда на патот во провинцијата Јунан.

Во автобусот имало 56 патници и возачот. 

Хоспитализирани се 21 патници, а полицијата го испитува возачот.

Се уште не е позната причината за несреќата.