Балкан
5. September 2016 - 14:35

Живеела со чудовиште во стомакот: Лекарите и извадија тумор од 31 килограм

Лекарите од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска успешно отстранија тумор тежок дури 31 килограм.

Жената на која и е отстранет овој тумор успешно се опоравува од операцијата. Имено на 26. август годинава на Клиниката за општа и абдоеменална хирургија преимена е пациентката П.С. родена 1964 година и итно е преместена на одделението за гастроентерологија, со изразито голем тумор во абдоменот.

-Веднаш е направена комплетна дијагностика, кој потврди дека се работи за тумор на оваиумот со големи димензии. Поради екстензивниот оперативен зафат во операцијата учествувале и специјалисти од КЛлиниката за гинекологија и акушерство како и од Клиниката за пластично-реконструктивна хирургија.

Оперативниот зафат е направен во вторникот на 30 август, и траел 4 часа, а завршен е со успешно отстранување на туморот кој тежел 31 килогрма и 300 грама, стои во соопштението до Клиниката.

Напоменуваат дека постоперативниот тек поминал без компликации.