Македонија
29. May 2020 - 14:58

Жителка на Кичево нашла неексплодирана мина во подрумот од својот дом

Педесет и двегодишната В.М. од Кичево вчера во полициска станица пријавила дека на 24 мај во подрумските простории на нејзиниот дом пронашла неексплодирана минофрлачка мина, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Увид бил извршен во присуство на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а мината била подигната и предадена во Дирекцијата за натамошна постапка, објасни Димоски.