Македонија
14. August 2018 - 17:38

Жителите од Аеродром и Ново Лисиче се жалат на слабиот притисок од високата зона на водоводната мрежа

Нормализирањето на притисокот на водата во високата зона во Општина Аеродром ќе заврши во текот на наредните два до три дена, инормираат од скопски “Вододвод”. Дефектот кој изминатиот викенд настана на вододводна цевка Ф400 на Ул. Христо Татарчев, која ги снабдува со вода корисниците од висока зона во О. Аеродром и О. Кисела Вода е целосно саниран.

- Дефектот е саниран во текот на денот, но зголемувањето на притисокот во цевката се врши постепшено, заради избегнување на дополнителни дефекти на мрежата, соопштувааат од ЈП Вододвод и канализација.

Изминативе четири дена граѓаните од делови на општината Аеродром, кои се дел од т.н. висока зона останаа без вода за пиење. Се жалеа дека живеат во неподносливи услови, и дека општинските власти и “Водовод” не ги обезбедиле нити најавените цистерни со пивка вода, а дека не работеле ни дел од уличните чешми.

Од општина Аеродром пак информираа дека целиот зафат на водоводната мрежа претходно бил уредно најавен, а дека застојот со водоснабдувањето настанал поради дефект на една водоводна цевка, но истиот брзо бил отстранет.