Свет
24. September 2018 - 8:51

Жителите на швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија против бурката

Речиси две третини од граѓаните кои вчера излегоа на референдум во швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија за забрана на носење на бурка на јавно место.

Тоа е втор швајцарски кантон кој се изјаснува за забрана на бурката. Пред три години граѓаните се изјаснија за забрана на бурката во соседниот кантон Тицин.

За прашањето за носење на бурка следната година граѓаните на Швајцарија ќе се изјаснат на национално ниво.

Носењето бурка на јавни места веќе е забрането во Франција и во Данска.