Македонија
5. December 2020 - 16:40

Жителите на Пржино бараат мораториум за спорните градби

Жителите на Пржино со протест го искажаа својот револт од како што велат спорните градби во населбата. Со маршот кој почна од спортскиот комплекс Славија се до последна 16-ка, побараа мораториум за тековните градежни активности и ревизија на Деталниот урбанистички план во кој биле предвидени згради во нивната населба.

Жителите сметаат дека објектите кои општинските власти ги предвиделе во Пржино, ќе предизвикаат хаос.

Барањата од протестот, ги ставија и на хартија. Петицијата ќе ја испратат до општина Кисела Вода и министерствата за транспорт и просторно планирање.

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, за Сител вели дека моратиориум за градба нема да се примени. Најави дека ќе се анализираат плановите и ако се утврди дека постојната инфраструктура нема да издржи нови објекти, изградбата ќе биде стопирана.