Македонија
24. October 2017 - 11:22

Жителите на повеќе населби во Скопје утре без струја поради технички зафати

Жителите на повеќе улици во неколку населби во Скопје утре во одредени периоди од денот ќе бидат без електрична енергија, поради тоа што ЕВН Македонија ќе изведува технички зафати, соопшти Републичкиот центар за управување со кризи.

Во периодот од 08:55 до 15:00 часот корисниците од дел од булеварот „Никола Карев“ (пластичарска), дел на улиците „Самоилова“, „Прохор Пчински“, „Славеј Планина“, „Војдан Чернодрински“, како и на „Јоаким Крчовски“, сите во општина Центар.

Корисниците на дел од улицата „Александар Урдаревски“, во општина Бутел утре во периодот од 09:00 до 14:00 часот исто така ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата. „Брсјачка буна“, во општина Шуто Оризари ќе бидат без струја. 

Корисниците на дел од улицата „Михаил Чаков“ (бр.1,3,5,7,11), во општина Кисела Вода во периодот од 08:30 до 15:00 ќе немаат електрична енергија.

Во периодот од 08:30 до 14:00 часот корисниците корисниците на улица „20. Октомври“ и тоа објектите со куќен број од 27 до 44, во општина Центар исто така ќе бидат без струја.

Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улиците „Знеполе“, „Ѓорче Петров“, „Мајски Манифест“ и „Штросмаерова“ во општина Ѓорче Петров нема да имаат електрична енергија. 

Корисниците на дел од улицата „Шидска“ исто така во Ѓорче Петров утре од 08:30 до 10:30 исто така ќе бидат без струја. 

Во периодот од 11:00 до 12:30 часот корисниците од дел од улиците „Радушка“  и „Шидска“, во општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја. 

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од уицата „Вергино“, на дел од улицата „Цветан Димов“, „393“, О.У. „Лирија“ како и улицата „Стојна Стевкова“ во општина Чаир исто така ќе бидат без електрична енергија.