Жителите на повеќе населби во Скопје утре без струја поради технички зафати
Жителите на повеќе улици во неколку населби во Скопје утре во одредени периоди од денот ќе бидат без електрична енергија, поради тоа што ЕВН Македонија ќе изведува технички зафати, соопшти Републичкиот центар за управување со кризи.
Во периодот од 08:55 до 15:00 часот корисниците од дел од булеварот „Никола Карев“ (пластичарска), дел на улиците „Самоилова“, „Прохор Пчински“, „Славеј Планина“, „Војдан Чернодрински“, како и на „Јоаким Крчовски“, сите во општина Центар.
Корисниците на дел од улицата „Александар Урдаревски“, во општина Бутел утре во периодот од 09:00 до 14:00 часот исто така ќе бидат без електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата. „Брсјачка буна“, во општина Шуто Оризари ќе бидат без струја.
Корисниците на дел од улицата „Михаил Чаков“ (бр.1,3,5,7,11), во општина Кисела Вода во периодот од 08:30 до 15:00 ќе немаат електрична енергија.
Во периодот од 08:30 до 14:00 часот корисниците корисниците на улица „20. Октомври“ и тоа објектите со куќен број од 27 до 44, во општина Центар исто така ќе бидат без струја.
Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улиците „Знеполе“, „Ѓорче Петров“, „Мајски Манифест“ и „Штросмаерова“ во општина Ѓорче Петров нема да имаат електрична енергија.
Корисниците на дел од улицата „Шидска“ исто така во Ѓорче Петров утре од 08:30 до 10:30 исто така ќе бидат без струја.
Во периодот од 11:00 до 12:30 часот корисниците од дел од улиците „Радушка“ и „Шидска“, во општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од уицата „Вергино“, на дел од улицата „Цветан Димов“, „393“, О.У. „Лирија“ како и улицата „Стојна Стевкова“ во општина Чаир исто така ќе бидат без електрична енергија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка