Македонија
20. April 2018 - 18:01

Жителите на општина Дебрца в недела на протест против изградба на регионална депонија

Дебрчани со масовен протест против изградбата на регионална депонија.

Во Недела со ѕвонење на сите црковни камбани во општината  во траење од 15 минути симболично ќе биде најавен почетокот на еко револуцијата, жителите со блокирање на магистралниот пат Кичево-Охрид во двата правци и презентирање на непобитни факти ќе бараат стопирања на овој проект .

Граѓаните на општина Дебарца кои на референдум се изјаснија дека се против одлуката да се гради регионална депонија во атарот на селото Годивје  ја имаат подршката и од градоначалникот Ногачески.

Добрите познавачи велат дека неизводливо е со 54,5 милиони евра да се направи современа депонија по сите еколошки стандарди.

Тие се одлучни дека во Дебрца нема да дозволат изградба на регионална депонија, бидејќи станува збор за локација која  се наоѓа во сливот на Охридското Езеро, кое е заштитено од УНЕСКО и претставува своевиден споменик на природата, каде се откриени вредни археолошки наоѓалишта.