Македонија
18. October 2017 - 19:44

Жителите на Дебарца на референдум кажаа не за изградба на регионална депонија во Годивје

Жителите на Дебарца и на референдумот кажаа не за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје.

Заедно со локалните избори во општината се спроведе референдум на кој граѓаните имаа можност да се изјаснат дали се за или против.

Од вкупно запишаните 4625 граѓани во избирачкот список, на референдум излегле 3149 граѓани или 68%.

Од излезените граѓани ПРОТИВ изградба на регионална депонија се изјасниле 2746 или 87 %, додека ЗА изградба се изјасниле 297 или  13% од вкуно излезените граѓани.

Мештаните во неколку наврати протестираа револтирани поради најавата за изградба на регионална депонија нагласувајќи дека во Дебрца се наоѓа најголемо сливно подрачје на Охридското езеро кое е под заштита на УНЕСКО и е споменик на природата.

Општинската изборна комисија Дебрца констатира дека референдумот е успешен.

Инаку, од 12 потенцијални локации за изградба на регионална депонија во Југозападниот плански регион во кој спаѓаат 9 општини, како најсоодветна беше избрана таа кај селото Годивје.