Македонија
22. July 2017 - 17:22

Жителите на Дебарца денеска протестираат против најавената изградба на регионална депонија за цврст отпад во селото Годивје

Жителите на Дебарца денеска протестираат против најавената изградба на регионална депонија за цврст отпад во селото Годивје. Во знак на подршка во текот на денот пристигнаа  и граѓани од околните места кои се по потекло од оваа општина во знак на подршка , тие го кренаа својот глас и велат дека нема да отстапат од своите барања. Вечерва ќе се формира и  иницијативен одбор кој ќе одлучува за понатамошните чекори кои ќе се превземаат .

Градоначалникот Трајкоски истакна дека Дебрца е најмал создавач на отпад и недозволиво е ниту од економски, ниту од еколошки аспект да биде место за изградба на централна депонија.

Инаку во вторник закажана е седница на советот на општина Дебарца на која ќе се одлучува дали на референдум ќе се гласа за изградбата на депонија кај селото Годивје.