Македонија
30. October 2018 - 13:12

Жител од Желино нелегално сечел дрва во Струшко

Полициските службеници од полициската станица Струга, на регионалниот пат Струга – Дебар, во близина на ХЕЦ „Глобочица“, синоќа во 20 часот и 15 минути застанале товарно возило марка ,,МАН“ со тетовски регистарски ознаки, поради сомнение за нелегален транспорт на огревно дрво.

СВР Охрид соопшти дека во возилото управувано од М.А. (51) од тетовското село Желино, во кое се превезувале уште четири други лица, сите од дебарското село Отишани, било натоварено со 24 метри просторни огревно дрво за кое М.А. не поседувал испратница или друга соодветна документација.

– Полициските службеници забележале дека дрвата биле обележани со жиг, а по преземени мерки, пронајден е и одземен чекан со нелегален печат од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ со кои М.А. извршил нелегално обележување на дрвата, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Товарното возило со огревното дрво, додаде, било пренесенo во ЈП „Шумско Стопанство-Струга“ за натамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна кривична пријава.