Жител на Жеровјане лажел дека е грабнат поради долгови
Жител на тетовското село Жеровјане поради финансиски долгови исценирал случај на грабнување. Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со пријавеното грабнување на 52-годишниот А.А. од Жеровјане, кој бил пронајден во Гостивар, а потоа повикан во тетовската полиција.
- Во разговорот со него утврдено е дека тој целосно го измислил случајот со грабнувањето поради тоа што бил соочен со повеќе финансиски проблеми, соопшти МВР.
Исчезнувањето на А.А. било пријавено во Полициска станица Жеровјане на осми овој месец во 15 часот. Потоа на телефонот на зетот на А.А., Н.Б. (33) од тетовското село Боговиње му пристигнале смс пораки дека исчезнатиот со неговото возило бил задржан од непознати лица и оти ќе биде пуштен откако ќе се даде одредена сума на пари. Н.Б. вчера околу 18 часот во Полициската станица Тетово го пријавил случајот како грабнување.
Ново на Сител
-
Приведен Драги Рашковски
-
101 пратеник сте потпишани а 59 на седница, сите ќе земете патни трошоци, влезете во салата и работете, кажа Џафери на пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Протест во сабота пред МЗ, оставка на Филипче за спас од неспособноста која убива
-
До крајот на април се очекуваат вакцини од Кина и „Фајзер“
-
Австрија бара Бугарија да ја тргне блокадата кон Македонија
-
ЦУК ќе го презентира извештајот за спасувањето на настраданиот овчар од Емирица
-
Бајден: Му предложив на Путин ова лето да одржиме состанок во Европа
-
Студија: Лица кои немале Ковид имаат пет пати поголема веројатност за зараза од оние кои прележале