Балкан
25. November 2017 - 10:45

Жител на Зеница загинал додека копал јаглен

Спасувачките екипи во Босна го нашле телото на жител на Зеница кој загина во вчерашната несреќа во импровизиран јагленокоп.

Починатиот копал јаглен во месноста Рача, во близината на Зеница, кога се случило уривање во јагленокопот. По неколкучасовни напори, спасувачите го нашле телото. Уште еден копач бил повреден во инцидентот.