Македонија
3. September 2016 - 16:39

Жител на велешкото село Клуковец во сопствениот дом одгледувал марихуана

Жител на велешкото село клуковец во сопствениот дом одгледувал марихуана.. При претрес на полицијата пронајдени се вкупно 191 стебло.. Во текот на вчерашниот ден полицјата по наредба од надлежен судија направила претрес во домот на осомничениот.. Претресот открил дека жителот на клуковец поседува и пиштол за кој нема дозвола.. По пребарувањето на куќата, претресот продолжил во околината на објектот.. Во непосредна близина полицијата затекнала насад со марихуана чии стебла имале висина до четири метри..

Марихуаната била веднаш откорната и предадена за вештачење на одделот за крим техника во министерството за внатрешни работи.. Лицето кај кое бил откриен насадот е привиден а во полициската станица завршил уште еден жител на селото клуковец..

Од велешката полицијата велат дека моментално се превземаат мерки за утврдување на поврзаност на лицата со пронајдениот насад со марихуана..