Жител на тетовското село Сараќино застрелан од негов соселанец
Ќ.Е. (56) од тетовското село Сараќино бил погоден со куршум во десната натколеница откако вчера кон него со пиштол пукал неговиот соселанец П.П.(33), информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според пријавата во полицијата вооружениот инцидент се случил вчера околу 7. 30 часот при што П.П. додека се движел со „Голф“ со тетовски регистарски ознаки од пиштол испукал два куршуми кон Ќ.Е., кој одел пешки во близина на неговиот дом. Притоа еден од куршумите го погодил Ќ.Е. во десната надколеница, по што П.П. со возилото заминал од местото.
Повредениот Ќ.Е. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и бил задржан на понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. На местото била пронајдена една чаура калибар 7,65 милиметри што била подигната за вештачење.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на П.П. и за целосно расчистување на случајот рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Уапсен 73-годишен од Крушево, во неговиот дом пронајдени оружје и дрога
-
Здравствени работници бараат повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток
-
Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори
-
Интересот за тутунопроизводство останува, но не и задоволството од цените
-
Најмалку 63 луѓе го загубија животот во невреме во Пакистан
-
На полноќ почнува кампањата за парламентарните избори
-
Денешни активности на претседателските кандидати
-
Нетранспарентно се трошат парите на родителите во училиштата