Македонија
4. December 2016 - 16:13

Жител на струшко Мороишта загина во сообраќајка кај Охридскиот аеродром

37 годишен жител на струшкотот село Мороишта го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 21 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Струга во близина на бензиската пумпа „Бесјани“. Во тешка здравствена состојба лицето било префрлено во општата болница во Охрид каде подоцна им подлегнало на здобиените повреди.

Сообраќајната незгода се случила кога лицето управувајќи патничко моторно возило „Киа“ со  струшки регистарски ознаки во правец од Струга кон Подмољје, изгубил контрола врз автомобилот и со предниот дел удрил во метална канделабра и ограда со бетонски столбови. Од силината на ударот, возилото се превртело на кров и излетало надвор од патот.

По наредба на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, извршен е увид од страна на полициски екипи од станицата за безбедност во патниот сообраќај од Охрид. Врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција и дополнително вештачење врз патничкиот автомобил.

Инаку ова е трета жртва за десет дена во охридско струшкиот регион.