Македонија
19. March 2018 - 15:05

Жител на скопско Брњарци физички нападнат во угостителски објект на ул.„Маџари“

Шеесет и двегодишниот Р.И., жител на скопското село Брњарци вчера во угостителски објект на улицата „Маџари“ бил физички нападнат од страна на четири непознати лица.

МВР денеска информира дека Р.И. седел во угостителскиот објект, а лицата влегле во објектот по што едно од нив со чаша го удрил во пределот на главата.

Нападнатиот вчера попладне случајот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.