Македонија
12. November 2017 - 14:18

Жител на село Чегране застрелал друг жител по што избегал

Триесет и седумгодишниот Л.С., жител на село Чегране вчера во 15:33 часот кај местото викано „Гропа“ атар на село Неготино-Гостивар, по расправија со Е.Е. (33) од истото село кој напасувал овци, му го доближил пиштолот до десната дланка на Е.Е и испукал еден куршум, при што го ранил, а потоа побегнал од лице место.

МВР информира дека по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар, Е.Е е пренесен во Клиниката за пластична хирургија во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Причината  најверојатно  е  претходно извршен физички напад од страна на Е.Е. врз Б.С. (39), брат на напаѓачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.