Македонија
27. December 2019 - 12:05

Жител на Сарај обвинет за продажба на марихуана

Скопското Основно јавно обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице од Сарај за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, при претрес во дворот од куќата на обвинетиот во Сарај, биле пронајдени 40,19 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во помали пакувања во зелена пластична кутија, како и 2,63 грама семки од канабис.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, ценејќи дека доколку биде пуштен да се брани од слобода тој би можел да го повтори кривичното дело или да се обиде да избега.