Македонија
25. April 2019 - 13:20

Жител на Радолишта се заканувал на соселанец пред неговата куќа

Дваесет и осумгодишен жител на струшкото село Радолишта се заканувал на семејство на негов соселанец, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата на полицијата, синоќа во 22 часот и 30 минути било пријавено дека пред куќата, сопственост на Н.К.(49) во селото Радолишта, бил нарушен јавниот ред од И.Л.(28) од истото село.

– И.Л. упатувал закани кон семејството на Н.К., а потоа скршил порозорци од куќата. Лицето е приведено во Полициската станица во Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.