Жител на Косово баран од Интерпол приведен на преминот Долно Блаце
Едно лице од Косово, барано со потерница од Интерпол, вчера е лишено од слобода на граничнот премин Долно Блаце, а две лица од Албанија се приведени во Охрид и во Полициската станица за граничен премин Меџитлија поради немање документи и непријавување престој во Република Македонија, информира МВР.
Косовецот Г.И. (29) бил предаден на полицијата во Чаир за натамошна постапка.
Личните податоци на приведениот Ј.Б. (55) од Поградец, Република Албанија на меѓуградската автобуска станица во Охрид поради сомнение дека нелегално престојува во Република Македонија и поради немање на документи, биле добиени по негов исказ.
Приведениот Е.Т. (44) од Република Албанија бил легитимиран во с.Маково, општина Новаци, поради непријавен престој во Република Македонија, односно поради сторен прекршок според член 139 став 3 од Законот за странци, по што бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење