Македонија
23. July 2020 - 15:53

Жител на кочанското село Уларци во државен карантин

Жител на кочанското село Уларци од вчера е во државен карантин. Станува збор за З.Н. (45) кој од неговиот дом е спроведен до хотел во Скопје поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови.

Според соопштението од СВР – Штип, З.Н. ќе биде во државен карантин 14 дена.

Статистиката на полицијата покажува дека за само едно деноноќие на подрачјето на општините во источиот дел на земјава се регистрирарни 54 прекршоци за неносење заштита на лице.