Жител на Драчево обвинет дека дома држел дрога и психотропни супстанции
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Од ОЈО информираат дека обвинетиот на 17 мај во својот дом во Драчево држел кај себе опојна дрога-кокаин со вкупна нето маса од 2,06 грама, 33 таблети психотропна супстанција метилендексиметамфетамин и 6,8 грама канабис. Дрогата ја чувал скриена во плакар во соба од горниот кат на куќата. При претрес на домот од страна на овластени службени лица била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од наркотици.
Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на обвинетото лице претходно му беше определена мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на оваа мерка, се наведува во соопштението од ОЈО.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228