Македонија
10. August 2018 - 9:26

Жител на Бузалково тешко повреден во сообраќајка кај Росоман

Четириесет и едногодишниот С.И., жител на велешкото село Бузалково е тешко повреден во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила кај Росоман, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

- Сообраќајната незгода се случила на магистралниот пат Градско - Прилеп, помеѓу патнички автомобил марка „пежо“ со француски регистарски таблички управуван од А.Б.(25) и патнички автомобил марка „фолксваген голф”, со велешки регистарски броеви управуван од жителот на Бузалково. Тешко повредениот бил пренесен и задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница - Кавадарци, појасни Додевски.

​Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица за општа надлежност Кавадарци.