Жичарницата на Водно од денеска работи до 18 часот
Жичарницата „Милениумски крст“ од денеска ќе работи до 18 часот, согласно утврдениот возен ред. Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од долу нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе – надолу.
Жичарницата на Средно Водно работи секој ден, освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот. Билет за возрасни чини 100 денари за два правци, а 50 за во еден правец. Билет за деца чини 50 денари.
Во вторник, петок, сабота и недела, бесплатен превоз имаат возрасните лица (жени со 62 години, мажи со 64 години). Во среда бесплатно возење имаат учениците од средните училишта чиј основач е Град Скопје и одлуката важи за време на учебната година.
Во четврток бесплатно возење имаат и редовните студенти на некој од државните факултети.
Од ЈСП „Скопје“ информираат дека посетеноста секојдневно расте, а се очекува таа да бележи пораст и во претстојниот период. Генерално, најбројни се посетите за време на викенди и празници, кога можат да се забележат сите категории граѓани. Скопјани, туристи и жители од другите градови ја користат жичарницата, уживаат во чистиот воздух и природата, панорамски ги разгледуваат градот и планината.
Соработката, што се официјализира пред десетина дена, всушност, беше начелно договорена при неодамнешната посета на градоначалникот Петре Шилегов на збратимениот град Сараево, каде што годинава во употреба беше пуштена жичарница.
Жичарницата „Милениумски крст“ беше пуштена во употреба на трети јуни 2011 година. Се движи со брзина од шест метри во секунда и оваа должина ја совладува за 4 минути и 18 секунди. Патниците се распоредуваат во 28 кабини за по осум патници и две кабини за четворица патници. Вкупниот капацитет на жичницата е 1.160 патници на час, се наведува во соопштението од ЈСП „Скопје“.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите