Свет
23. October 2016 - 8:37

Жестоки борби во Алепо по истекот на примирјето

 Жестоки борби и воздушни напади почнаа синоќа, на третиот ден од унилатералното руско примирје во Алепо, северна Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Првите сириски и руски воздушни напади во Алепо откако Русија ја почна „хуманитарната пауза“ во четвртокот попладне, ги погодија југозападните делови на градот.

Интензивирани се и борбите меѓу деловите на градот кои се под контрола на владините сили и на бунтовниците,

Москва не најави дека дополнително ќе го продолжи примирјето и покрај барањето Обединети нации со цел да се евакуираат повредените цивили.